Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реанимација на странските инвестиции или изгубена трка?
Економија

Реанимација на странските инвестиции или изгубена трка?

24/10/2024

AA

Шесте земји групирани во Западен Балкан се близу
прибирање на 9 милијарди евра странски директни инвестиции годишно, но прашање
е колку од овој колач успева да собере Македонија, некогаш препознатлива токму
по отворање на нови фабрики во слободните индустриски зони иако и тој проект
беше прилично критикуван во минатото.

Засега во првите два квартала од 2024 година во
Македонија се регистрирани 535 милиони евра странски директни инвестиции според
податоците на НБРМ. Меѓутоа, премиерот Христијан Мицкоски смета дека состојбата
„драматично“ ќе се подобри на
крајот на годината, бидејќи наскоро се очекува да се финализираат неколку
најавени нови инвестиции.

„Имаме една добра инвестиција која што е веќе завршена и уште неколку коишто
се во процес на завршување. Очекувам до крајот на годината и тие да ги
завршиме. Ова е инвестиција на компанијата „Бреинчајлд“, вредноста е некаде околу 8,5 милиони евра и очекувам да се
вработат околу стотина луѓе. Во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на уште
нови и успешни вести“ рече неодамна премиерот Мицкоски.

Но, дали трката по странски инвеститори е одамна
изгубена?

Србија и натаму е регионален лидер со најголем
број привлечени странски директни инвестии во последните 10 години. За споредба
Македонија во моментов има подобри резултати единствено од Босна и Херцеговина.
Во 2022 година во Македонија се пресметани 745 милиони евра, додека пак во
Косово во истата година странските директни инвестиции достигнале над 770
милиони евра.

Србија веќе ја надмина границата од 4 милијарди
евра странски директни инвестиции годишно, додека пак Албанија во последните 5
години постојано има над 1 милијарди странски директни инвестиции годишно.

Во поглед на споредба на странските директни
инвестиции како процент од БДП според податоците на Евростат, Македонија е
речиси на дното, а единствено полош скор има Босна и Херцеговина. Во Црна Гора
странските директни инвестиции достигнаа 14.4 отсто од БДП, во Србија тој износ
е 7.3 отсто, во Албанија е околу 6 отсто, додека пак Македонија е на дното со
износ од околу 4 отсто. БиХ е на дното со околу 2.6 отсто инвестии како удел во
БДП, според последните достапни податоци.

Што да очекуваме од политиките за странски
инвестиции на новата Влада?

Рецептот за привлекување странски инвеститори
драстично се менуваше во политиките на претходните влади. Слободните економски
зони беа главен белег на владеењето на Груевски, како и воспоставувањето на
економските промотори кои „ловеа“ инвеститори по белиот свет. Но, тоа е сега
веќе историја, а бројките се најдобар показател колку рецептот бил успешен или
не.

Од друга страна, изјавата на српскиот претседател
Александар Вучиќ дека „никако не можеле во тоа време да донесат инвеститор“
стана вирална, и без оглед дали е само политички маркетинг или, бројките
покажуваат дека Србија е регионален лидер.

Успехот е неспорен и според прибраните странски
инвестиции кои завземаат добар дел, како и од нивното учество во српскиот БДП,
што укажува на фактот дека споредбата на бројките не се должи само на
големината на српската економија, пазар и број на потрошувачи.

Затоа од досегашните преземени чекори на новата
влада и економските ресори, видливо е дека ќе се „ловат“ големи инвестиции во
енергетиката, особено со обновливи технологии на ветер и сонце, потоа во
информатичката технологија, како и во веќе етаблираните сектори кои се поврзани
со автомобилската индустрија. 

Х.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy