
Реал се откажува од Белингем и Мбапе, за 200 милиони купува двајца од – Серија А?!
Поралот „Диарио Гол“ објави дека на Флорентино Перез веќе му здодеала играта „доаѓам-не доаѓам“ со Мбапе, кој еднаш го извиси летоска за да потпише нов договор со ПСЖ, а и во случајот со Белингам кој еден ден сака, друг ден размислува за Премиерлигата, настрана што и „милионерите“ бараат многу пари за трансферот.
Поради ова, Реал наводно сега се сконцентрирал да даде 200 милиони евра за да ги купи италијанскиот репрезентативец од Јувентус, Федерико Кјеза и младата португалска ѕвезда на Милан, Рафаел Леао.
За Леао, Милан бара 100 милиони евра, ако не и повеќе, додека Јувентус би го продал Кјеза за 80 милиони евра.