
Реал победува, но проблемите се нижат: Се повреди и Модриќ
Лука Модриќ, кој е еден од ретките во средниот ред кои беа на располагање, се повреди на денешниот натпревар во Андалузија и го напушти теренот во 68. минута. Притоа се држеше за задната ложа и во текот на утрешниот ден ќе мора да му бидат извршени тестови по што точно ќе се знае за што станува збор.
Најлошото сценарио би било да паузира неколку недели што ќе биде уште еден голем проблем за Анлелоти кој не може да смета и на Чуамени, Камавинга и Ѓулер.
