
Реал Мадрид за полувреме го здроби Елче – Бензема со два гола од пенал! (ВИДЕО)
Карим Бензема со два пенали во 31-та и 45-та минута ја завери победата на Реал Мадрид, откако после само осум минути Марко Асенсио ја најави со погодокот за водство, a Лука Модриќ со погодок во 80-та само стави печат на убедливата победа.
Реал дојде до 15-та сезонска победа и сега имаат 48 бода на контото. Барселона со 56 бода е лидер после 21 рунда во Ла Лига.
Елче остана последен само со девет бода и едвај една победа досега во сезонава.