
Реал Мадрид потврди: Алаба е успешно опериран!
Давид Алаба ги скина лигаментите на последниот меч на Реал Мадрид и за него сезоната е завршена.
„Давид Алаба денеска имаше успешна операција на вкрстените лигаменти на неговото лево колено под супервизија од медицинскиот тим на Реал Мадрид. Тој во наредните денови ќе го почне процесот на рехабилитација“, се вели во соопштението.
