
Реал Мадрид ќе плати „само“ 50 милиони евра за Дејвис
„Кадена Сер“ пишува дека Дејвис покажал интерес да се пресели во Мадрид, а Реал се согласил да плати 50 милиони евра и наскоро треба да биде потврден трансферот на Канаѓанецот.
Дејвис веќе пет години игра за актуелниот германски шампион, а си заминува од Минхен откако не му беше исполнето барањето за зголемување на платата на 20 милиони евра по сезона.
Левиот бек оваа сезона настапи на 28 меча за баварскиот тим и притоа постигна еден гол и три асистенции.
