
Реал Мадрид ќе плати 75 милиони евра за дете на Барселона
„Кралевите“ ќе треба да платат 75 милиони евра за потписот на Олмо, кој игра одлично во дресот на Лајпциг каде што пристигна од Динамо Загре во 2020 година за 29 милиони евра.
Олмо ја помина академијата на Барселона, по што се пресели во Динамо во 2014 година каде што играше на врвно ниво пред да потпише за бундеслигашот.
Реал Мадрид е заинтересиран и за услугите на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, но засега не е познато колку пари е подготвен да понуди за неговиот потпис.
