
Реал Мадрид доцна се разбуди, но ептен брзо го среди Кадиз (ВИДЕО)
„Кралевите“ со нешто изменет состав и без повредените Винисиус јуниор и Крос одиграа колку што беше потребно да се дојде до трите бода, без притоа да се загуби премногу сила пред реванш дуелот од ЛШ на гости против Челси, во кој ќе влезат со два гола предност. Начо Фернандез прв го скрши бедемот на домаќинот во 71. минута, а конечниот резултат го постави Асенсио четири минути подоцна.
Реал Мадрид со овој триумф дојде на минус 10 бода зад Барселона, која згора на тоа има меч помалку.
