
Реал Мадрид ја доби битката за Ѓулер, Барселона остана со празни раце!
Реал Мадрид вечерва доставил понуда за Арда Ѓулер која треба да биде доволна за да го ангажира големиот турски талент.
Кралевите понудиле околу 20 милиони евра што е повеќе од откупната клаузула која ја има во договорот со Фенербахче.
Се очекува во текот на наредните денови Ѓулер да го комплетира трансферот во Реал Мадрид.
Барселона го загуби ова класико, Деко беше лично во Истанбул да го убедува Ѓулер, но мисијата беше неуспешна.
