Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реакции по смената на кардиохирургот Јовев: “До кога ќе молчиме, до кога ќе ги бркаат стручните лица?“
Македонија

Реакции по смената на кардиохирургот Јовев: “До кога ќе молчиме, до кога ќе ги бркаат стручните лица?“

06/06/2023

AA

Смената на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на државната кардиохирургија, предизвика реакции во јавноста, посебно на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, објави „А1он“.

Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев со образложение дека ќе ги менува сите директори кои седат и спијат по 5-10 години и немаат никаков резултат.

Д-р Сашко Јовев го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија во 2020 година.

Големо внимание предизвика статусот на Елеонора Димовска, ќерка на последниот пациент кој доби ново срце, а операцијата ја предводеше професорот Јовев.

„Ако се прашувате зошто и од каде ми е правото јас да зборувам на темава еве и тоа ќе Во го кажам, пред 9 месеци беше направена последната трансплантација на срце, а личноста која го прими срцето беше мојот татко. Па оттука можам да зборувам за она што го направил професорот.

Од една страна за жал, а од друга за голема среќа долг период секое утро, повторувам СЕКОЕ УТРО по неколку часа поминувавме во просториите на државната кардиохирургија, и сведочевме на ангажираноста на професорот, сведочев дека ниту еднаш не пропушти визита, немаше момент некој од пациентите да го побара а он да не е присутен, но по зборовите на НАДЛЕЖНИТЕ можеби и операцијата на татко ми од дома ја правел, не работел ништо 10 години.

И не, не го кажувам ова за да го бранам Професорот, го кажувам ова затоа што не можам да си поверувам каде живеам, во држава каде што се разрешуваат луѓето кои спасуваат животи.

И знаете ли што ми е најголем проблем, тоа што познавајќи го професорот и целиот тим кој што е покрај него после ова ќе ја продолжат нивната кариера негде каде што ќе ги ценат, негде каде што ќе ги почитуваат, негде многу далеку од нашава Македонија, и тука нема да остане стручно лице кое ќе знае да го одржува во живот срцето на татко ми, срцата на сите трансплантираните, срцата на оние кои чекаат трансплантација, ако воопшто ја има во иднина.

Затоа што нивната работа не завршува кога ќе излезеш од болница, на располагање за 24 часа 365 дена во годината, секојдневно ја контролираат терапијата и ја дозираат. И сега навистина сум загрижена кој ќе ја преземе нивната работа, кој ќе го одржува во живот татко ми? или твојот татко, мајка, сестра, брат, сопруг, сопруга…?“, стои во емотивниот статус на Елеонора Димовска.

Во моментов небитно дал си голем ВМРОВ-ец, СДСОВ-ец, ДУИОВ-ец, треба да се протестира против одлуката на “почитуваниот” министер, за разрешување на Сашко Јовев✊

— The silent (@coolglad_2025) June 5, 2023

Ќе ти го препоручев врвниот кардуиохирург Сашко Јовев, додека не заминал и тој од оваа вукијебина, ама тебе не треба срцето, треба мозокот да ти се пресади.

— Флипс #апсаана (@Nepodmitliviot1) June 5, 2023

И разрешувањето на Јовев е според планот за разградување на државното здравство. Исцрпи ги државните ресурси до максимум, обучи луѓе и префрли ги на приватно за да прават профит. Одвратен, безочен, најмизерен грабеж.

— 7️⃣ (@osmini_) June 6, 2023

Го разрешија д-р Сашо Јовев еден од најуспешните кардиохирурзи кој заради проектот за државна кардиохирургиија се врати од Кувајт каде претходно работеше.Сепак најважно е дека нема да се бугаризираме🤪
На глупи луѓе како вас и ова ви е малку. Сите сунет ќе правите за неколку год

— Дете Лошо (@DeteLoso) June 5, 2023

Арно вика Андон, се скараа со Жан, Кедев, сега и со Јовев, кај ќе се оправате бе мрднати?? https://t.co/QeIEa821zR

— Marija (@mara00914095) June 5, 2023

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy