Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реакција на Платформата за родова еднаквост за поткастот на Лазаров со гостин Латас
Македонија

Реакција на Платформата за родова еднаквост за поткастот на Лазаров со гостин Латас

21/02/2023

AA

Згрозени од изнесените информации и ставови од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас во првата емисија од поткастот на Стефан Лазаров, членките на Платформата за родова еднаквост реагираат за говорот во поткастот и бараат да се прекине неговото емитување. Сметаме дека поткастот го нормализира насилното однесување на родова основа преку искуствениот пример на Латас, што за него е вообичаен начин за стекнување прво сексуално искуство кај момчињата на 15 годишна возраст. Воедно ја осудуваме изјавата во медиумите на водителот на поткастот Стефан Лазаров кој не се огради од ваквата содржина, туку напротив го поддржа говорот на Латас.

Емисијата, снимена со пренос во живо на 14.02.2023, на социјалната видео платформа Јутуб, бележеше над 125 илјади прегледи во изминатите 5 дена. Како Платформа за родова еднаквост сметаме дека големиот број на прегледи на оваа емисија влијае на јавното мислење, особено кај младите луѓе кои лесно можат да дојдат до заклучок дека „шамарање на девојка“, според изјавата на Латас и Лазаров, пред сексуален однос е сосема нормално однесување на момчињата и притоа не сносат никаква одговорност ниту последица за ваквиот чин. Иако во описот на поткастот се наведени правила дека не се дозволени говор на омраза и расизам, оваа емисија содржи токму ваков наратив. Затоа, како членки на Платформата бараме подкастот да биде избришан од оваа видео-социјална платформа и да се прекине со емитување на овој проблематичен поткаст.

Од она што јавноста го посведочи, јасно е дека Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров се поддржувачи на насилното однесување и омаловажување на жените во сексуалните односи. Тие ги користат своите платформи за промовирање и нормализирање на насилството врз жените. Бидејќи се претставуваат како застапници за зачувување на „традиционалните вредности“, ги прашуваме Латас и Лазаров дали да силуваш и да се фалиш со тоа е вредноста која ја бранат и промовираат?!

Ја поздравуваме реакцијата на Секторот за компјутерски криминал при МВР со доставата на известување до Основното јавно обвинителство – Скопје по интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас. Бараме Обвинителството да постапи во законски рок и да поднесе обвинителен акт за Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Апелираме до приватниот сектор кој го поддржува Стефан Лазаров и ги користи неговите услуги за рекламирање, да ја прекине соработката со него. Во спротивно, со нивната поддршка кон овој поткаст поддржуваат и овозможуваат ширење на мизогинија, родово засновано насилство, расизам и говор на омраза. Дополнително, во време кога во борбата против насилството врз жените, меѓу другото, е неопходно и подигање на јавната свест, јавните личности имаат посебна одговорност во справувањето со оваа реторика и промовирање на позитивни вредности кои ќе придонесат кон  искоренување на насилството, а не кон негово промовирање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy