Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реџепи: Во третиот квартал би започнала изградбата на интерконекторот со Грција
Економија

Реџепи: Во третиот квартал би започнала изградбата на интерконекторот со Грција

30/04/2023

AA

Извршниот директор на Номагас Бајрам Реџепи од осмиот Делфи Економски форум што се одржува во Грција, ја истакна важноста на енергетската поврзаност меѓу земјите, на двата големи проекти со Грција, интерконекторот за природен гас и терминалот за течен природен гас во Александруполи.

Со инвестиции во фотоволтаици и во обновливи извори на енергија, како и со регионална поврзаност можеме да постигнеме енергетска независност, вели извршниот директор на „Номагас“ Бајрам Реџепи и потенцира дека енергијата сѐ повеќе се употребува како многу силно геополитичко оружје.

– За жал научивме дека енергијата сѐ повеќе се употребува како многу силно геополитичко оружје и ние ќе треба што поскоро да имаме потполна независност во енергетска смисла и тоа се постигнува. Најголемиот дел од инвестициите ќе треба да бидат во фотоволтаици, во обновливи извори, но секако дека ќе треба многу да инвестираме и во регионална поврзаност, бидејќи многу различни држави имаат различни извори на енергија – вели Реџепи.

Посочува дека со овие важни поврзувања ќе треба да се стабилизира целиот енергетски систем, како во регионална смисла, така и на ниво на Европа.

– Јас се надевам дека идните години ќе бидат многу важни за инвестиции во овој вид на поврзување меѓу државите и се надевам дека многу скоро ние ќе бидеме  енергетски независни од тие геополитички настроени извори на снабдување, истакнува извршниот директор на „Номагас“.

Во однос на интерконекторот со Грција за кој веќе е завршен маркет тестингот, Реџепи објаснува дека од наша страна се обидуваме малку да ги забрзаме постапките кај нас.

– Во моментов имаме отворен повик и во фаза на евалуација сме на понудите за надзор. Се надевам дека следниве недели тоа ќе го затвориме, веќе го спремаме повикот за градба, го затворивме поголемиот дел од финансиската конструкција и се надевам дека во многу скоро време ќе го објавиме повикот за градба. Планираме некаде во третиот квартал од оваа година да започне градбата на терен за овој многу битен интерконектор за нашата држава, потенцира Реџепи.

Вториот голем проект во кој е вклучена и Македонија е терминалот за течен природен гас во грчкиот град Александруполи, а извршниот директор на „Номагас“ објаснува дека ЕСМ има закупено десет проценти од капацитетите, во тек е потпишување на соодветните договори и се надева дека до крајот на годинава ќе се дефинираат и конкретните чекори за конечна реализација на проектот.

– Имавме малку дилеми и проблеми со нашите партнери од Бугарија за купувањето на нивниот дел. Ние работиме интензивно на дефинирање на роад мап и се надевам дека многу скоро ќе го потпишеме и тоа, бидејќи ќе ги дефинира идните правци на соработка меѓу нас и нив и многу сигурен сум дека до крајот на оваа година и тоа веќе ќе го имаме реализирано и конечно ќе станеме десет отсто од акционерите во овој многу важен терминал за течен гас во Александруполи – вели Реџепи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ГО ОЦЕНУВА „СЕЈФ СИТИ“ Формирани два предмета

27/01/2026
Македонија

СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците

27/01/2026
Македонија

ССНМ се приклучува на утрешниот работнички протест за зголемување на

27/01/2026
Македонија

Манипулативни изјави или дијалог? Тензиите меѓу МНР на Бугарија и

27/01/2026
Македонија

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈА ДЕМАНТИРА СУДИЈКАТА САВОВСКА Невистините и манипулациите не

27/01/2026
Македонија

ЕК ИТНО ДА ОБЕЗБЕДИ ПРЕОДЕН ПЕРИОД, ИЗЗЕМАЊА ИЛИ СПЕЦИЈАЛЕН РЕЖИМ

27/01/2026
Македонија

Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се

27/01/2026
Македонија

Владимир Нелоски ги демантира обвинувањата на СДС: „Мојот татко нема

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40691
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ГО ОЦЕНУВА „СЕЈФ СИТИ“ Формирани два предмета за измените на Законот за

27/01/2026

Уставниот суд формираше два предмета по поднесени иницијативи во кои се оспорени измените на Законот за прекршоци, во делот кој

СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците

27/01/2026

СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата.

ССНМ се приклучува на утрешниот работнички протест за зголемување на платите

27/01/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја потврди својата одлука за учество на работничкиот протест закажан за утре,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy