Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реџепи се сретнал со Ковачевски за монтираните случаи: Писмото до ЕУ се усогласува со вметнување на случаи од граѓани
Македонија

Реџепи се сретнал со Ковачевски за монтираните случаи: Писмото до ЕУ се усогласува со вметнување на случаи од граѓани

17/02/2023

AA

Пратеникот Скендер Реџепи-Зејд, кој мината година ја напушти Алтернатива и делува како независен пратеник, на денешната прес-конференција во Собранието информира дека пред три дена се сретнал со премиерот Димитар Ковачевски, со кого разговарале за испраќање на писмо до Европската унија во врска со судските случаи за кои постои сомнеж дека имало политичко влијание.

Тој истакна дека писмото се довршува и се усогласува со вклучувањето и на случаи за кои „биле заинтересирани граѓани од македонската националност“. Реџепи истакна дека меѓународните експерти од Европската унија треба само да направат евалуација, да видат дали во кој било сегмент од судската одлука е прекршен правен акт согласно законот и Уставот на Македонија.

– Се довршува, ќе се доусогласува. Има можност и случаи за кои биле заинтересирани граѓани од македонската националност и тие да бидат вклучени во писмото, оти сепак човечките жртви и судбини не бираат национална и верска припадност. Да се потрудиме за сите да има иста правдина. Писмото околу случаите ќе биде усогласувано. Значи тие нема да носат одлука, тие само ќе го кажат мислењето околу секој случај дали е праведно застапуван од правобранителство, одбраната, се до судската одлука. Ние сме убедени дека тие случаи се монтирани политички и веќе 30 години се научивме во Македонија да се монтираат политички случаи согласно политичките потреби на власта, рече Реџепи.

Тој додаде дека ќе го прифатат резултатот од тимот на меѓународните експерти за овие случаи.

– Секако дека ќе прифатиме. Едно независно обвинителство, еден независно експертско мислење ќе биде прифатливо од сите, вклучително верувам и за тие кои се засегнати во случајот, рече тој.

Реџепи истакна дека Алтернатива од кога станала опозиција почнала „да го крева гласот“,

– Алтернатива имаше тројца министри, тројца пратеници и јас бланко им дадов поддршка, во секое време да ја условуваат Владата, да го условуваат Собранието или да се реализира програмската определба или тие да ја напуштат Владата. Таа поддршка им ја дадов бланко иако не ја заслужија никогаш, но токму поради оваа точка, јас им ја дадов таа поддршка. Тие ниеднаш до сега не го креваа гласот за ниедна точка од програмските определби и договорот со Владата. Од кога станаа опозиција тие го креваат гласот, што е жално, недемократски и нечовечки да се злоупотребуваат овие случаи откако си опозиција, рече пратеникот.

Реџепи посочи дека Алтернатива направила политички пазар денот кога станала дел од мнозинството понудувајќи четири пратеници, а за возврат добила три министерска места и ред други функции и еден програмски договор што требало да биде и владин договор, владина програмска определба.

– Жално е што 12-13 месеци, колку што беа на власт ниеднаш на владина седница не го кренаа гласот за овие точки. Ниеднаш ни претседателот на партијата, кој е и пратеник во Собранието, не го крена гласот за овие точи. Сега откако се опозиција тие леат крокодилски солзи колку им било тоа важно. Тоа е класична злоупотреба и срамна злоупотреба, изјави Реџепи – Зејд.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој информира дека во моментов делува како независен пратеник и како таков ќе остане се до реализирање на одредени политички определби.

– Одлуката ќе го донесам заедно со тие луѓе кои дојдоа на мојот отчет минатата недела затоа што сум одговорен пред сите нив, рече Реџепи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy