
РБ Лајпциг го одбрани пехарот во Купот на Германија (ВИДЕО)
Третото финале по ред на Лајпциг за втор трофеј по ред го обезбедија „биковите“ во последните 20 минути откако Кристофер Нкунку беше јунак со гол и асистенција за нов пехар.
Нкунку погоди во 71-та минута за да ја најави победата после асистенцијата на Дани Олмо, а потоа францускиот напаѓач му асистираше на Унгарецот, Доминик Шобошлај за да ја завери победата на пет минути пред крајот на мечот.
РБ Лајпциг има два трофеи од четири финалиња во последните пет години, додека Ајнтрахт го загуби четвртото финале од вкупно деветте во историјата.
Leipzig [1] – 0 Frankfurt – Christopher Nkunku71′ (DFB Cup)
by u/-AsapRocky- in soccer
