
РАЗРЕШУВАЊЕТО НА КОЦЕВСКИ УТРЕ НА СЕДНИЦА ВО СОБРАНИЕТО Во текот на денов треба да му стаса покана

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите.
Сѐ уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница на дневен ред ќе биде ставено неговото разрешување, но таа би требало да му биде доставена во текот на денов.
До крајот на декември се очекува да се одржат четири пленарни седници. На 23 декември пред пратниците годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на 25 декември треба да се одржи седница за пратенички прашања.
Гаши на средбата со новинарите посочи и дека останува да бидат донесени уште два закона за да се заокружи Реформската агенда, а тоа се Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет.
.
