Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Разрешувања и ревизија на работата на М-НАВ
Македонија

Разрешувања и ревизија на работата на М-НАВ

08/01/2024

AA

Македонската влада утре ќе одржи седница. На маса, разрешувањето на целокупното раководство на македонска навигација, како и барањето за целосна ревизија на досегашното работење на акционерското друштво во државна сопственост.

Паралелно, тече и правната постапка откако обвинителството отвори истражна постапка, но судот на осомничените за насилниот упад им одреди само мерки за претпазливост.

Политичките интервенции при вработувањата го зедоа данокот во М-НАВ. Тоа е едната димензија на случувањата, процесно односно од кривично правен аспект добро е вели за МТВ универзитетскиот професор Калајџиев, што овојпат судот и обвинителството имаат различни ставови по однос на мерката притвор. Често бевме критикувани за изрекување на мерката притвор што е во спротивност со меѓународната судска пракса каде оценките за донесување на притвор се прилично строги. Во конкретниот случај е многу битно да не се врши притисок врз судот и да донел погрешна одлука. Професорот Калајџиев посочува дека ова е почеток на процесот и не е воопшто страшно тие да се бранат од слобода.

Потребно е точно да се оцени дали се работи за дело обично насилство во група за кое казните се исто така доста високи или дали се работи за насилство со намера да се загрози безбедноста. Лоша околност што сето тоа се случило во кулата, но можело да биде каде било. Позитивно е според него тоа што судот и пред одлучувањата на Кривичниот совет се обратил до јавноста за да образложи својата одлука, но професорот укажува дека жалбата на обвинителството на судската одлука значи непочитување на судот.

Јавноста, пак е во очекување на исходот од владината седница на која според најавите треба да бидат разрешени директорите на Македонска навигација. Синдикатот предупреди дека доколку ова не се случи тие ќе стапат во штрајк со затворање на воздушниот простор. Процесот на расчистување на случајот дополнително се усложни со приведување на лицата и изрекување мерки на претпазливост наместо притвор, по што обвинителството поднесе жалба до Кривичен суд.

Фиљана Кока

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy