
Разрешени двајца членови на РКЕ
Собранието попладнево донесе одлука за разрешување на двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Разрешувањето е по предлог на Владата, затоа што има недостатоци во делот на исполнувањето на условите за нивно именување.

