
Разочарувачки податоци од Евростат, еве колку сме далеку со стандардот од европските граѓани
Во однос на стандардот, македонските граѓани се далеку од Европа.
Стандардот на граѓаните во Македонија лани во однос на европскиот просек останал на исто ниво како и една година претходно, односно е на ниво од 51 отсто, покажуваат најновите податоци на Европското статистичко биро, Евростат.
Полошо од нашава земја котираат само Босна и Херцеговина и Албанија, а пред нас се Србија и Црна Гора. Најлош стандард од земјите членки на ЕУ имаат Бугарите.
Македонскиот БДП е 42 отсто од европскиот просек, и малку заостанува зад оној на Србија (44 отсто од ЕУ просекот), а е нешто понапред од БДП на Босна и Херцеговина (35 отсто од просечниот во ЕУ) и на Албанија (34 отсто).
Македонија со години според податоците на Евростат е една од најсиромашните држави во Европа. Ништо подобри не се ниту другите земји од регионот. Се проценува дека со децении нема да можеме да ги стигнеме европските граѓани во однос на стандардот.
foto freepik.com