
РАЗЛИКА ОД НАД 160 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ: Убедлива победа на Силјановска
Државната изборна комисија ги објави резултатите по обработени 90% од гласачките места во Македонија, во првиот круг претседателски избори.
Предноста на Силјановска-Давкова и натаму висока, и сега изнесува повеќе од 163 илјади гласови.
Силјановска-Давкова има 325.150 гласови, Пендаровски има 162.062. Бујар Османи има 111.311 гласови, па него следува Арбен Таравари со 71.301 гласови.
