
Разговорите продолжуваат: Mицкоски на средба со Вреди, средбата поминала во конструктивна амтосфера
Попладнево во Владата се одржа средба на премиерот Христијан Мицкоски со лидерите од коалицијата Вреди – Биљал Касами, Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими.
Како што велат од Владата, средбата поминала во конструктивна амтосфера, пријателски и партнерски дух.
Се разговарало за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. Од Владата информираат дека разговорите продолжуваат.