Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Расте извозот на сладолед: Македонија лани извезла 5.260 тони во вредност од 18,2 милиони евра
Македонија

Расте извозот на сладолед: Македонија лани извезла 5.260 тони во вредност од 18,2 милиони евра

28/07/2025

AA

Македонија лани извезла 5.260 тони сладолед во вредност од 18,2 милиони евра, што претставува раст од 30% во однос на претходната година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. За исто толкав процент се зголемени и количините извезен сладолед, потврдувајќи дека овој производ станува сѐ поатрактивен на странските пазари.

Извозот на сладолед бележи континуиран раст во последната деценија. Во 2015 година, вредноста на извозот изнесувала само 4,5 милиони евра, што значи дека за 10 години, извозот е зголемен четирикратно.

Особено важно е тоа што Македонија е нето извозник на сладолед, односно извезува повеќе отколку што увезува – што е редок случај во трговската размена на земјата. Во 2024 година, увозот на сладолед изнесувал околу 3.000 тони, со вредност од 11,8 милиони евра.

Со тоа, нето извозниот ефект од трговијата со сладолед лани достигна 6,4 милиони евра, што претставува позитивен сигнал за домашното производство и конкурентноста на македонскиот сладолед на регионалниот и поширокиот пазар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy