Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ: РКЕ со детали
Економија

РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ: РКЕ со детали

04/03/2023

AA

Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Од РКЕ денеска информираат дека доколку кумулативно се анализираат бројките, од кога се регистрира тренд на зголемен интерес за инвестиции во обновливи извори, за само 14 месеци Комисијата има издадено лиценци за 355 фотонапонски централи, со чија вкупна инсталирана моќност може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинствата со просечна потрошувачка од осум градови низ државава.

-Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Последните податоци заклучно со февруари покажуваат дека за само 14 месеци, од 1 јануари 2022 до 28 февруари 2023, во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181.2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Тој додава дека со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот

12/02/2026
Македонија

СЈО ГО ПРЕЗЕДЕ, ПА НАМЕРНО ГО ЗАБОШОТИ ПРЕДМЕТОТ „ПУЧ“ Адвокати

12/02/2026
Македонија

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протест на

12/02/2026
Македонија

„63 километри за 63 анѓели“ – спортски настан во спомен

12/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ САКАЛЕ МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ СВЕТСКА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА

12/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41359
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во

12/02/2026

Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис, велат од

СЈО ГО ПРЕЗЕДЕ, ПА НАМЕРНО ГО ЗАБОШОТИ ПРЕДМЕТОТ „ПУЧ“ Адвокати на Заев вршеле притисок врз

12/02/2026

Поранешното Специјално јавно обвинителство наместо како независна институција делувало како партиски штаб на СДСМ – Зоран Заев и луѓе блиски

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протест на ССМ

12/02/2026

Денеска (12.02.2026) со почеток од 12.00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy