
РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?
Бакарот поскапува. Светските цени на бакарот се највисоки во последните две години. За два месеци цената се зголеми за 28 отсто, покажуваат досегашните податоци на Њујоршката берза.
Овој метал на берзата Комекс во Њујорк денеска во 13 часот се продаваше по цена од 4,8230 долари за фунта. Историскиот максимум на цената на бакарот во светот е регистриран на 4 март 2022 година, кога тој се тргуваше по цена од 4,9375 долари за фунта. Чиле и Перу имаат големи количини на бакар.
foto freepik.com