
Расте бројот на заболени со голема кашлица, најмногу во Скопје
За само 24 часа имаме нови 14 случаи на голема кашлица.
Според Центарот за јавно здравје – Скопје, најголем број заболени со пертусис (голема кашлица) има во Скопје вкупно 64, односно во општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода.
И додека во моментов Македонија се соочува со епидемија на пертусис во Скопје, во соседните земји расте бројот на заразени со мали сипаници.
Имено, во соседна Србија е прогласена епидемија на морбили.
Неодамна Комисијата за заразни болести препорача во градинките да не се примаат деца кои не се вакцинирани.

