Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА Најмладите пациентки имаат 18 години
Македонија

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА Најмладите пациентки имаат 18 години

23/01/2026

AA

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани во 2017 и во 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Според најновата клиничка епидемиолошка статистика на Клиниката за радиотерапија и онкологија, за разлика од 2024 година кога имало само 74 пациентки, во 2025 година имале 122 пациентки кои по првпат со оваа дијагноза се јавиле во клиниката. ХПВ вакцинацијата го намалува ризикот од развој на рак на грлото на матката и други ХПВ поврзани заболувања.

Ова беше истакнато на настанот по повод одбележувањето на Неделата за подигнување на свеста за борбата против ракот на грлото на матката, што се одржа денеска во организација на Македонското лекарско друштво и на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија.

Претседателот на Македонското лекарско друштво и на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, проф.д-р Горан Димитров рече дека новата метода што е во скринингот и која според Светската здравствена организација би требале да ја применуваат веќе сите земји од 2030 година е ХПВ тестот како примарно средство за скринирање на ракот на грлото на матката, бидејќи е поточно, посензитивно и повеќе штеди пари.

– Втората работа е дека тие што ќе ги откриеме треба да ги третираме, за тоа имаме персонал, имаме изучен кадар, така што подготвени сме кога би можеле да прејдеме на таков приод во скринирањето, да направиме скринингот на жените во нашата Република оди во најдобар можен ред, истакна проф. д-р Димитров.

Директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и претседател на Комисијата за превенција на цервикален карцином, проф.д-р Ирена Алексиоска-Папестиев истакна дека според последните податоци од клиничката студија, изработена од Институтот за епидемиологија, за период од 2016 до 2023 година за жал, се уште овој превентибилен карцином кај нас претставува сериозен проблем, заради тоа што во тој период 2.263 пациентки биле дијагностицирани.

– Повеќе загрижува е што болеста се јавува кај сѐ помлади пациентки. Најмладите пациентки се на 18-годишна возраст, дијагностицирани во 2017 и во 2020 година, а средната возраст е некаде 55 години. Втора работа која исто така загрижува е дека голем процент, односно 540 пациенти, тоа е речиси 24 отсто од овие пациентки, починале за жал, а се работи за карцином кој е превентибилен. Имаме примарна превенција. Нашата цел е да ја зголемиме свесноста кај јавноста – рече проф.д-р Алексиоска Папестиев.

Таа посочи дека се среќни што конечно ги имаат резултатите од пилот студијата за ефикасноста на ХПВ базираниот скрининг, затоа што резултатите покажале дека тоа всушност е најсофистицираниот метод. Се надевам, појасни таа, ќе бидеме поддржани и од повисоките инстанци за да може тој конечно да се имплементира, а тоа го покажа и резултатот од опсервациската студија која ја направивме ние во 12 центри.

– Како резултат на тоа работна група во рамки на комисијата за превенција на цервикален карцином изготви упатство во кое ние даваме предлог како гинеколози, а беа вклучени и патолог и онколог и епидемиолог, кој е најдобриот начин за конечно ХПВ базираниот скрининг да стане примарно помагало за откривање на овој превентабилен карцином – додаде проф.д-р Алексиоска Папестиев.

Раководителот на Одделението за малигни генитални тумори кај жената на Клиниката за радиотерапија и онкологија, проф.д-р Виолета Клисаровска рече дека за жал во државава, според најновата клиничка епидемиолошка статистика на клиниката, за разлика од 2024 година кога имале само 74 пациентки, веќе во 2025 година имаат 122 пациентки кои по првпат со оваа дијагноза се јавиле во клиниката.

– Висок процент од 70, па и до 80 отсто од овие пациентки се јавуваат во локално напредната болест најмалку, односно во еден значајно екстензивен процес на болеста кога навистина и најмногу труд и најдолг и најекстензивен е и третманот и се трошат и најмногу финансиски средства. Медицината секако дека го надополнува стандардниот третман на цервикалниот карцином со воведување на повеќе групи на нови лекови. Тие во нашата клиника се спроведуваат и по однос на современи радиотераписки техники и по однос на внесување на новите лекови кои во правец на персонализирање на медицината ги вклучуваат и овие пациентки – рече проф.д-р Клисаровска.

Таа рече дека најсилното и најмоќното оружје кое го имаме за превенција во борба со оваа болест е ХПВ вакцинацијата, што поширока популација да биде благовремено вакцинирана, регуларен скрининг програм кој сериозно треба да се спроведува и да опфати што поширок дел од популацијата.

Националниот координатор за имунизација, проф.д-р Александра Грозданова рече дека 2025 година ја одбележале со комплетно преоѓање на деветвалентната ХПВ вакцина и ја вовеле таа вакцина и за момчињата. Ако досега товарот беше и фокусот беше ставен само на девојките, појасни таа, сега имаме имунизација и за момчињата.

– Веќе и бројките одат со добар тренд нагоре. Веќе има 60 отсто опфат со оваа вакцина, бидејќи долги години наназад не можевме да стигнеме до овој процент. Во регионот сме меѓу лидерите, бидејќи и првпат меѓу првите ја воведовме ХПВ вакцината. Го зголемивме и временскиот период кога оваа вакцина може да се прима затоа што родителите најчесто немаа против, меѓутоа и одложуваа временски оваа вакцина, така што сега на товар на државата се вакцинираат сите момчиња и девојчиња до 19 годишна возраст, рече проф.д-р Грозданова.

Според неа, исклучително е добро што кај младите се развива свеста и веќе едукациите со здравствените работници довеле до едно подигање на свеста, бидејќи и од нив имале некаква стигма за прифаќање на оваа вакцина, но сега се спуштаат на ниво на разговор и едукација на родителите и младата популација.

– Се надеваме дека со такви интензивни мерки навистина ќе имаме исклучително битна превенција за да не дојдеме до овие случаи на цервикалниот карцином. Во пораст е и орофаренгиалниот карцином за која оваа вакцина исто така обезбедува заштита, додаде проф.д-р Грозданова.

Специјалистот патолог и раководител на Цитолошката лабораторија на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Верди Станојевиќ рече дека според податоци за 2025 година, од 60.000 пап тестови, 2.500 беа со позитивен наод. Посочи дека запрепастувачко е што имаат осум пациентки со инвазивен карцином.

– Значи кога ќе откриете инвазивен карцином на пап тест тоа е значи многу напредна фаза. Тоа се значи пациенти кои веројатно долго време не биле на контрола, додаде д-р Станојевиќ.

Јованка Брајовиќ Григоријевиќ од УНФПА рече дека образованието во рана возраст е дел од тој цел циклус на универзална здравствена покриеност и постигнување на сите на потенцијалот и на младите и на возрасните и на постарите лица.

– Покрај одредени предизвици во изминатиот период, гледано значи години наназад постепено има напредок. Работиме на збогатување на ЕДУИНО платформата со содржини, материјали од домен на сексуално образование. Ќе продолжиме да го поддржуваме тој процес, да се направи пристапот до информации и за младите и за наставниците полесен и согласно стандарди коишто се препорачани од УНЕСКО и другите меѓународни релевантни организации, додаде Брајовиќ Григоријевиќ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy