
РАСТАТ ПЛАТИТЕ ВО РЕГИОНОТ: Србите со просек од 735, а Хрватите со 1.156 евра
Во Србија просечната плата во септември изнесувала 735 евра, а половина од вработените зеле помалку од 560 евра.
Просечната нето плата во септември 2023 година била 85.066 динари (735 евра), објави Републичкиот завод за статистика (РЗС). Половина од вработените во Србија работеле за помалку од 65.727 динари (560 евра), колку што е просечната плата, јави дописникот на МИА од Белград.
Просечната исплатена нето-плата за септември годинава во Хрватска изнесувала 1.156 евра, што е за 144 евра повисока од ланскиот септември.
foto freepik.com/Evgenymedia
