Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАСТАТ АКЦИИТЕ ПО ВЕСТА ЗА ЗАТВОРАЊЕТО: Ќе доведе ли колапсот на банката „Силиконската долина“ до системска криза?
Економија

РАСТАТ АКЦИИТЕ ПО ВЕСТА ЗА ЗАТВОРАЊЕТО: Ќе доведе ли колапсот на банката „Силиконската долина“ до системска криза?

12/03/2023

AA

Затворањето на „Силиконска долина“, банка во САД предизвика голема бура во економскиот сектор. Сепак, колкаво е значењето на банката, и каква штета може да предизвика нејзиното затворање е сосема легитимно прашање, а уште посилно станува со фактот што во земјата се затвори и уште една бака, која се поврзуваше со крипто пазарот. 

Сепак, експертите сметаат дека стечајот на банката „Силиконската долина“ нема да доведе до системска криза на финансискиот систем, посочува извршниот директор на „Соверин Велт Менаџмент“ Гари Караљов.

– Затворањето на банката тешко дека ќе предизвика системска криза, имајќи предвид дека регулаторните тела имаат акционен план за вакви ситуации од 2008 година – изјави тој експерт за Спутник.

Тој изјави дека акциите на „Џ.П. Моргана“ порасна по веста за затворање на банката, што значи дека пазарот не го гледа проблемот како системски.

Како што пренесува „Новости“ проблемите во банката настанале затоа што нејзините клиенти почнале да вадат пари, но се чини дека во моментов тој проблем е изолиран.

Според него, не станува збор за системски проблем, туку за координирани обиди да се извлече од игра банката која се занимавала со криптовалути.

Сепак, тој додаде дека тоа е втор најголем банкарски неуспех од финансиската криза.

Регулаторите постапуваат на правилен начин во оваа ситуација и најверојатно го очекувале тоа што се случило.

Според Федералната корпорација за осигурување на депозити, регулаторните органи на сојузната држава Калифорнија ја затвориле банката и на тој начин таа станала најголемата банка која банкротирала од последната светска економска криза.

Сите осигурени депозити беа префрлени во специјална единица формирана од таа владина агенција – Националната банка за осигурување на депозити од Санта Клара.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен во петокот разговараше со претставници на регулаторните тела и изрази уверување во нивната способност да се справат со ситуацијата.

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy