
РАСПИШАНИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА – граѓаните на изборните места излегуваат на 17 декември
Претседателот на Народното собрание на Србија, Владимир Орлиќ денеска ги распиша изборите за советници на градските собранија и општинските собранија во Србија.
Изборите ќе се одржат на 17 декември 2023 година во 65 градови и општини во Србија.
– Во согласност со Законот за локални избори и Законот за локална самоуправа, за 17 декември 2023 година се распишани избори за советници во собранијата на 65 градови и општини во Србија – рече тој.
Како што истакна, оваа одлука влегува во сила со објавувањето во Службен весник.
– Ги повикувам сите граѓани и политички чинители да земат учество на овие избори. Сите заедно, како општество, да го покажеме нашиот целосен демократски капацитет да го направиме уште посилно, да дадеме свој придонес за стабилноста и да зборуваме за програмите во претстојната изборна кампања. Ајде да зборуваме за нивната политичка содржина, да покажеме со сите наши меѓусебни разлики дека сме во состојба тоа да го направиме на достоинствен, пристоен начин – рече тој.
Блиц.рс
