Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рашковски вели дека за дојавите за бомби треба да се бара алгоритам, а не човек или компјутер!
Македонија

Рашковски вели дека за дојавите за бомби треба да се бара алгоритам, а не човек или компјутер!

04/03/2023

AA

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски денеска испрати ново соопштение до медиумите.

Во него се вели дека можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација.

Според него, многу поверојатно е дека е тоа алгоритам (компјутерски код – софтвер) кој “излегол од контрола”.

„Во таков случај не може да бараме човек, не може да бараме компјутер, не може да бараме IP адреса. Треба да бараме алгоритам (софтвер).

За да биде посликовито одјаснето. Кога се појави корона вирусот, таргет беше да се лоцира изворот на истиот. Па се отиде до тоа да се наведува и името и презимето на “човекот кој го изеде лилјакот”. Кога вирусот се рашири, веќе не беше важно “кој е првиот, туку како да не станеме следниот”. Колку и да сакаме да персонализираме испраќач на дојавите за бомби сепак поизвесно е дека е тоа компјутерски генериран алгоритам кој “кружи”.

Имаме ли досега поставено “генетика” на алгоритмот? Не треба да бараме профил на личност, туку генетика на алгоритмот. Како тој ги определува школите? Како знае кога е распуст, кога има часови.

Уште една паралела со корона вирусот. Лекувањњето од корона на почетокот одеше отежнато од причина што не се знаеше точно на што вирусот реагира. Времето покажа дека многу терапии, како инванзивната филтрација со респиратори е погрешна. Така и со дојавите на бомби. Ги предизвикал ли до сега некој овие мејлови?

На пример:

Со креирање на неколку веб страни на училишта, кои училишта вистински не постојат, но се доволно автентични за да “алгоритмот загризе”. Нешто како лажна рипка за ловење на риби, или како што во спортот го одомаќинивме терминот “лажен цепелин”. Па доколку стаса маил и на фиктивното училиште, веќе сме почнале да навлегуваме во генезата на проблемот.

Ова е само почетна идеја. Има многу “итроштини” за тоа како да дојдете до некои сознанија. Несомнена е заложбата и брзата интервенција на припадниците на МВР, кои верувам дека и се преморени од овие активности кои доведуваат до слабеење на безбедносниот систем, но решението можеби треба да го бараме во римската максима “Vis kon vi repulit” или “Силата со сила се победува”, односно македонската “Од што е болката, од тоа е лекот”. Како што врвни научници создадоа векцина за корона вирусот, така постојат и врвни информатиари…

Она што треба да не плаши е што ако секој од нас, преку својот смарт уред почне да станува испраќач на вакви дојави без да знае? Нешто слично како во време на корона кризата кога многу од нас немаа симптоми на корона, а сепак пренесуваа. Наеднаш би можело да се доведеме во ситуација на тотално лудило. Нашиот телефон да биде регистриран како испраќач, а ние за тоа воопшто да не сме свесни. Што тогаш? Ќе ги наполниме притворите како што ги наполнивме болниците?

Тука доаѓаме до друг момент кој мора да го превенираме. Правна подготовка на обвинителствата за едно вакво сценарио. Како што билниците се спремаат за бранови на корона.

Затоа што не може на обвинител од видот на Ивана Трајчева, која гони организиран криминал да и објасните што е тоа алгоритам кога неколку рочишта по ред го убедува судот дека PDF документ е исто што и форензичка копија? Тоа е исто како да убедувате некој дека лист хартија е исто што и книгата Ана Каренина.

Не може со таков обвинител кој доставува докази креирани на компјутер кој ги носи неговите иницијали и институцијата во која работи (името на компјутерот е ojo gokk IT) кои ги пишувал во Microsoft Word и сакал да се “попрофесионали” па ги прикачил на веб сајт www.ilovepdf.com за да ги конвертира во pdf… од таков обвинител да очекувате дека квалитетно ќе се бори против сајбер криминал.

Има во обвинителството многу стручни обвинители. Мора да се направи посебен оддел од нив кои ќе се занимаваат со оваа проблематика. Зашто на крајот на денот, ти се тие кои можат и смеат да поведат кривична постапка за ваков тип на криминал. Има такви обвинители затоа што сум сретнал и запознал.

Но, не може да се повикуваме на НАТО безбедносни процедури кога имате во судска постапка  извештај од полициски службеник Наде Карева Глигоровска која во рамки на ОЈО ГОКК прекршиле 10тина НАТО процедури за дигитална форензика.

Компјутерските вируси, како и билолошките, ги напаѓаат сите, но слабите организми немаат одбранбен механизам за тоа и потклекнуваат. За разлика од биолошките, копјутерските вируси се многу повештачкоинтелигентни. Тие знаат да ја оценат техничката спремност, но и правната спремност на една држава за да се одбрани од нив.

Со www.iLovePDF.com не се заплашува алгоритам?“, пишува Рашковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy