Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рашковски ги нарече Русковска и Трајчева, „Латас сениор“ и „Латас јуниор“
Македонија

Рашковски ги нарече Русковска и Трајчева, „Латас сениор“ и „Латас јуниор“

22/02/2023

AA

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој е обвинет во предметот „Софтвери“ во обраќање до јавноста ги нарече обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева „Латас сениор“ и „Латас јуниор“ бидејќи со јавни настани ја поттикнувале омразата кон него, не со факти туку со свои замисли и претпоставки.

– Сакаа најпрвин да створат терен за да може полесно да поминуваат нивните намери во судовите, па така во јавноста се пласираше наводна моја порака со текст „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“. Со ова сакаа да ја поттикнат омразата и кај обвинителите и кај судиите кон мене и останатите во случајот. Читаше Ивана Трајчева 7 (седум) рочишта некакви текстуални записи (небаре сме неписмени и не знаеме да читаме), на кои немаше ниту телефонски број, ниту име и презиме… но немаше ни ваква порака. Денес, после речиси две години “Латасовци” треба на јавноста, а пред се на своите колеги и во судовите и во обвинителството да им одговорат: Дали има ваква порака испратена од Драги Рашковски кон било кого? Ако нема, дали тоа значи дека тие ја измислиле???, пишува Рашковски.

Вели дека ширеле пораки дека неговите деца се збогатиле енормно и го оцрниле неговото семејство.

 

-Се спомнуваа суми од неколку стотици илјади евра, за да се дојде до милионски суми. Сетоа тоа им требаше за да не само мене, туку и цело мое семејство некој го мрази? Што им покажаа вештачењата? Зошто не излезете и не кажете колкава е таа сума која ја спомнувавте дека е “натрупана”? “Латас сениор” е под правна суспензија, но “Латас јуниор” може да излезе пред јавноста и да каже колку е таа сума без посебни лични подготовки, како што според мои сознанија ако се точни ја чекавме да се врати од фризер за да ја соопштат одлуката за нашиот притвор, како би можела да даде изјава пред камери за својот “успех”. Зошто не излезете и не и кажете на јавноста дека таа фантастична сума за која Вие зборувавте е 1500 евра!!! Затоа што 1500 евра не предизвикуваат омраза? Дирекно Ви се обраќам. Малку Ви беше ова, не пропуштавте да кажете дека лицето кое било мое обезбедување уплаќало за школарина за мојот син. И повторно за да некој посилно од душата мрази и колне? Зошто не излезете и кажете дека таа сума е 2390 денари? Затоа што за толку малку никој нема да мрази?, пишува Рашковски.

Според него, двајцата вештаци не нашле никакво прекршување на на закони, подзаконски акти, па дури ни интерни акти во постапките за јавни набавки.

-“Латас сениор” вели дека поради овој случај била сменета. Што повеќе сакавте да добиете? Истрагата никој не Ви ја попречи. Обвинение напишавте кое е оксиморон од граматичка гледна точка, но ви беше прифатено. Ниедно рочиште не е одложено по моја вина ниту сум барал да се одложи. Што повеќе од ова може да посака еден обвинител? Велите дека политиката се мешала… а дали вие баравте во последните неколку месеци заштита од политички фунционери за поднесените кривични пријави и дисциплински постапки? Јас знам што ве мачи. Ве мачи рочиштето на 2 март. Тогаш ќе се види, кој, што и како правел, порачува Рашковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy