Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Расчистување на чадот: проценка на научната база за намалување на штетите од тутунот
Регион

Расчистување на чадот: проценка на научната база за намалување на штетите од тутунот

17/07/2023

AA

Висока технологија и наука искомбинирана со традицијата на
тутунопроизводството. Тоа е во сржта на иновативниот производ на Филип Морис
Интернешнл (PMI) наречен IQOS. Уредот е резултат на работата и посветеноста на повеќе
од 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се над
10.5 милијарди долари.

Научните истражувања донесоа иновации и во
тутунската индустрија. И покрај тоа што се свесни дека пушењето е штетно по здравјето, голем
број луѓе едноставно не можат да ги остават цигарите. Во јавното здравје,
со примената на концептот на намалување на штети се намалуваат здравствените
ризици, така што на луѓето им се нудат подобри алтернативи и се
поттикнуваат помалку ризични однесувања. Во споредба со цигарите, електронските
уреди кои го загреваат тутунот претставуваат подобра алтернатива од
пушењето цигари, и се наменети само за полнолетните пушачи, кои инаку би
продолжиле да пушат.

Иновациите во тутунската индустрија и водечкиот систем
за загревање на тутунот се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од
тутунот, без притоа да се создаде катран, односно да се избегне процесот на
согорување и со тоа да не доаѓа до создавање чад и високи нивоа на штетни
состојки кои се присутни во истиот. Бидејќи не го согоруваат, туку го загреваат
тутунот, овие уреди не произведуваат чад, туку аеросол што е фундаментално
различни од чадот на цигари и не создаваат катран.

Пред повеќе од една деценија, компанијата Филип Морис
Интернешнл си постави цел да создаде помалку штетни алтернативи на цигарите.
Благодарение на инвентивноста и упорноста на научниците и големите инвестиции
во иновации засновани на наука, PMI го направи токму тоа, развивајќи производи
без чад.

Имавме исклучителна можност да ја посетиме најголемата
фабрика за тутунски производи во Грција, „Папастратос“, која претставува
филијала на „Филип Морис Интернешнл“ (PMI). Во погоните лоцирани во
Аспропиргос, во близина на Атина бевме гости на една од најсовремените фабрики
во Европа наменета исклучиво за производство на несогорлив тутун кој се користи
за уредот IQOS. Можевме да посведочиме на врвна технологија, јасна стратегија,
иновативност, креација и стандарди на работење во насока на создавање на визија
за иднината. Бевме сведоци на врвен производствен капацитет за којшто терминот
фабрика е малку несоодветен. Сѐ во „Филип Морис“ е поврзано со иновација и
потекнува од инвентивност и креативност, па таков е случајот и во оваа фабрика.
Многу аспекти поврзани со овој капацитет се интересни и единствени до степен на
извонредност.

Сѐ е направено од почеток, замислено се до последен детал за
да биде фабрика според највисоки стандарди. Внатре како сѐ да е дојдено од иднината,
простории за администрацијата кои се направени по принцип кој овозможува
креативна работа, но со строги правила. Целосна компјутеризација на процесите
во средина која наликува на зона за одмарање, но и зона за креирање нови
решенија и иновации.  Целото производство е поделено во фази. Секоја фаза
внимателно се следи и на крај се добива конечниот производ. Интересно е дека
целиот процес а автоматизиран, луѓето се дел од процесот само при проверка на
производите. Сè друго е оставено на механизацијата.

Од самиот влез, па низ сите простории, од административни,
преку производствени, контролни и се понатаму што може да има еден ултрамодерен
производствен капацитет, се добива впечаток на совршено уреден и функционален
систем. Покрај изгледот на ентериерот, кој е перфектно чист, исполнет е и со
елементи што создаваат атмосфера каде што може да дојдат до израз креативноста
и иновативноста на секој вработен посебно. Воопшто целата атмосфера е совршена
за секој млад човек со амбиција да работи во лидерот на тутунската индустрија.

Оваа фабрика е само една од седумте коишто ги произведуваат
Heets, наменети за голем дел од пазарите, каде што се продава IQOS. Уредот
функционира на начин што во апаратот во форма на пенкало се вметнува краток
производ што наликува на цигара, наречен Heets.
Како што имавме можност да видиме во фабриката во Атина, Heets е направен од
чист, селектиран и вистински тутун, без додатоци, се загрева на температура од
350 степени Целзиусови при што се ослободува аеросол со што се задоволува
потребата од никотин. Патем, IQOS не е ни сличен на електронските цигари, коишто
се целосно различни од Heets и користат течност со екстракт на никотин и
додатоци за вкусови.

Новиот производ кој го загрева, но не го согорува тутунот е
достапен на 78 пазари во светот и вкупно го користат над 21 милион луѓе, кои
целосно се откажале од пушењето и направиле промена кон подобра алтернатива. IQOS
е и единствен производ од ваков тип што има дозвола за продажба од страна на FDA – Американската агенција за лекови. До пред
неколку години футуристичката и за некои утописка визија за свет без чад, денес
почнува да станува реалност. Тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл со научни
иновации и високотехнолошка подготвеност ја создава иднината без чад, каде
светот на пушачите и тутунската индустрија се трансформираат во сосема нов
облик и одржлива иднина, која од секаков аспект е побезбедна за здравјето на
луѓето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy