Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Расчистено убиството на Оки на Халкидики, сторителот е во притвор за двојно убиство во март
Магазин

Расчистено убиството на Оки на Халкидики, сторителот е во притвор за двојно убиство во март

12/01/2024

AA

 

Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишниот водач на кланот „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки. Во истиот настан повреден беше 45-годишен маж. Сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор во Македонија, осомничен за учество во двојното убиство во март и ќе се бара негова екстрадиција во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, во непосредна близина на убиството бил пронајден пиштолот, како и ракавиците на сторителот.

Од грчката полиција соопштија дека по методична и детална истрага од страна на полициските службеници од Одделот за безбедност во Полигирос, со асистенција на Одделот за кривични дела против животот и личната слобода на Управата за безбедност во Солун, „идентификуван е странски државјанин, кој лани во јули заедно со неговиот соучесник, пукал и смртно ранил странски државјанин, нивен сонародник и повредија уште еден нивни сонародник, кои беа на одмор на Халкидики“.

Истрагата, веднаш по убиството била проширена на поширокото подрачје, што резултирало со откривање на рутата на сторителите при нивното бегство, а на оддалеченост од неколку стотини метри од вилата, во непроодна област, бил пронајден пиштолот со придушувач и шаржер, волнена капа и ракавици со траги од барут.

Од лабораториски испитувања и анализи на наодите, утврдено било дека пиштолот бил користен во конкретното кривично дело.

„Според собраните информации, се чини дека мотивот на кривичното дело е поврзан со ривалство помеѓу две криминални групи кои главно се занимаваат со трговија со дрога и се со седиште во земјата од каде што потекнуваат. Горенаведениот странски државјанин е уапсен и е задржан во притвор во својата земја, како осомничен за негово учество во убиството на две лица, што се случи лани во март во нивната земја. Против него е распишана европска потерница и се преземаат потребните дејствија за негова екстрадиција во нашата земја“, соопштија од грчката полиција.

Додаваат дека истрагата продолжува за идентификување останатите соучесници или други инволвирани лица.

Од грчката полиција потсетуваат дека во раните утрински часови на 15 јули 2023 година, на Халкидики, две лица се приближиле до вилата и со употреба на огнено оружје пукале во внатрешноста, што резултираше со смртоносна повреда на еден 39-годишен и повреда на 45-годишник, кои во вилата престојуваа со уште тројца нивни сонародници.

Веднаш по убиството, во околината биле пронајдени 19 чаури.

Тогаш, убиен беше Орхан Бајрами – Оки, кој се сметаше за еден од главните водичи на криминалната група „Дуќанџик“, додека пак во март минатата година во скопската чаршија беа убиени две лица, веројатно членови на истата група.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy