
Расчистено разбојништво извршено во Скопје, пронајдено и приведено и третото инволвирано лице
Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров расчистија кривично дело разбојништво извршено на 04.08.2022 во продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје.
Притоа, во врска со случајот на 05.08.2022 од слобода беа лишени Л.Ј., на кој му била одредена мерка притвор и Ш.И., кој бил вратен во казнено-поправна установа каде издржувал затворска казна. Додека, вчера од слобода бил лишен М.И.(19) од с.Крушопек, скопско и во неговиот дом бил извршен претрес со судска наредба.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.