
Расчистен патот кон Беровско езеро!
Центарот за управување со кризи информира дека патот кон Беровско езеро е целосно прооден.
Претходно патот Берово-Струмица беше во целосен прекин поради врнежите од снег и паднати дрва по патот.
Конкретно, патниот правец Берово-Абланица-Беровско Езеро беше во прекин поради паднати дрвја на патот.
Инаку, медиумите, како и ЦУК, УХМР, а и другите служби во државата, ги информираа граѓаните секојдневно за очекуваните врнежи од снег векендов, што е препорачливо да се има предвид при севкупното планирање на викендско патување и престој во убавите планински предели.