
Раперот Дрејк уплати 615.000 долари на борбата меѓу Џошуа и Нгану
Дрејк реши да се обложи на победа на Нгану, а доколку го погоди типот, тогаш ќе заработи неверојатни 1,9 милиони долари.
Раперот, сепак, не е познат како добар обложувач и често губеше пари, односно неговите фаворити беа поразени, а навивачите на Нгану се плашат да не му се случи нешто слично на поранешниот УФЦ-борец.
Нгану има 37 години и досега имаше само една борба во професионалниот бокс, кога загуби од Тајсон Фјури со контроверзна судиска одлука, додека 34-годишниот Џошуа има 27 победи во 30 борби.