
РАНЕТОТО МОМЧЕ ОД „РИБНИКАР“ ЛЕКУВАЊЕТО ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ ВО САД: За повредите на р’бетот ќе се грижат лекари во Чикаго
Државниот секретар на Министерството за здравство, д-р
Мирсад Ѓерлек, за РТС вели дека единаесетте повредени се уште се на болничко
лекување. Момчето кое се здоби со повреди на ‘рбетот најверојатно ќе продолжи
со лекување во Чикаго, а трошоците ќе ги покрие државата.
– Во Институтот за мајка и дете има пациент кој има сериозни
компликации поради повреда на цервикалниот ‘рбет и најверојатно ќе продолжи со
лекување во Чикаго – ја подготвуваме документацијата и државата ќе ги сноси
сите трошоци – рече Ѓерлек.
Тој посочува дека ќе треба долго време за да закрепнат сите
пациенти, ќе следи рехабилитација и дека ќе биде потребна психосоцијална
поддршка.
„Ваквите стресни ситуации кои никој не ги очекуваше оставаат
сериозни последици по менталното здравје – за родителите, учениците,
наставниците, сигурен сум дека ќе обезбедиме квалитетна здравствена заштита за
сите што го доживеале ова“, рече Џерлек.
ФОТО: ЕПА
