
Рамос им се врати на старите навики – 29. црвен картон во кариерата (ВИДЕО)
На денешното гостување кај Сосиедад, андалузискиот тим загуби со 1-2, а натпреварот го заврши со девет фудбалери поради исклучувањата на Сергио Рамос и Хесус Навас, двајцата во период од една минута. Прв во соблекувална замина Рамос поради два жолти картона од кои вториот беше за груб старт при шанса за гол на противничкиот тим.
Тоа е негово 29. исклучување во кариерата сметајќи ги сите натпреварувања, а прво во дресот на Севиља каде почна пред речиси две децении. Од овие 29 црвени картони, 26 доби како играч на Реал Мадрид, два на ПСЖ и еден на Севиља.
