
РАМА ЗА ДОАЃАЊЕТО НА МИГРАНТИТЕ: Нема причина да се плашиме
Албанскиот премиер Еди Рама уверува дека со мигрантите нема можност за влез и на терористи.
За италијанскиот дневен весник Corriere della Sera, Рама одговора на критиките дека меѓу бегалците може да има и терористи.
„За да се гарантира максимална безбедност, вели тој, имигрантите ќе поминат низ филтерот на безбедносните агенции на двете земји. Нема причина да се плашиме. Едноставно мораме да имаме волја и грижа да ја исполниме оваа заложба со почитување на човечкото достоинство и правилата утврдени за функционирање на оваа заедничка операција, кои вклучуваат и контрола од безбедносните агенции на двете земји“, појаснува Рама.
Албанскиот премиер вели дека ова е благодарноста кон Италија за прифаќањето на илјадници албански граѓани по падот на тоталитарниот режим, кога земјата ја зафати масовен егзодус.
„Меѓу мигрантите што ќе ги прибира Албанија може да има и членови на ИСИС“, предупредува експертoт за безбедност Ермир Ѓиниши.

