Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рама вели дека можноста за балкански „Донбас“ во срцето на Европа мора да се елиминира
Регион

Рама вели дека можноста за балкански „Донбас“ во срцето на Европа мора да се елиминира

26/06/2023

AA

Ослободувањето на косовските полицајци го отвора патот за дијалог, вели албанскиот премиер Еди Рама. 

Тој на Твитер напиша дека ослободувањето става крај на „произволното лишување од слобода на три лица кои не извршиле никакво кривично дело“. Албанскиот премиер кажа дека му е „драго што силата на разумот го победи разумот на силата“.

„Би сакал долгоочекуваната деескалација на сите да започне веднаш со сила на разумот и дополнително да ги реши проблемите на конечниот процес на нормализација меѓу Косово и Србија“, изјави Рама.

Вели дека Косово и Србија се свртеле кон „фронтот на внатрешната политика и кон анкетите подгреани од националистичката реторика“ и дека го свртеле грбот на дијалогот за иднината, регионот и односите со демократскиот свет.

„Во меѓувреме, ситуацијата на север се деградира од час во минута, зголемувајќи ја можноста за балкански ’Донбас’ во срцето на Европа. Оваа можност, дури и да размислите, е катастрофална, затоа мора по секоја цена да се елиминира“, напиша Рама.

Премиерот на Албанија, објасни дека одложувањето на спроведувањето на француско-германскиот план и „префрлањето на фокусот кон демонстрации на сила“ може да го чини регионот, „без сомнение Србија, но особено Косово, повеќе од кој било друг со долгорочни последици“.

Претседателот на парламентарната комисија за Косово и Метохија Милован Дрецун вели дека целта на косовскиот премиер Албин Курти е Србите воопшто да не живеат на Косово, а намерата на Приштина е натамошна ескалација, пренесува РТС.

Тој посочува дека единствен начин да се смири ситуацијата е целосно да се повлечат специјалците од север и да се запрат апсењата на Србите.

Косовскиот премиер Албин Курти е среќен што полицајците се враќаат дома. 

„Иако сме среќни што се вратија кај семејствата, ова киднапирање е сериозно кршење на човековите права и мора да биде опоменати. Агресијата на српската страна мора да се смета за одговорна“, напиша Курти на Твитер.

Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против тројца косовски полицајци за кривично дело „недозволено носење оружје“ и им го укина притворот. Полицајците беа уапсени на 14 јуни и првично им беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

foto facebook/Edi Rama

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КОН СВЕТИ НИКОЛЕ

29/11/2026
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

29/11/2026
Македонија

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни,

29/11/2026
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
Македонија

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46986
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КОН СВЕТИ НИКОЛЕ Сообраќајот е во прекин

29/11/2026

Патниот правец пред кумановското село Скачковце, во насока кон Свети Николе, е затворен за сообраќај откако камион се излизгал на

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ГОСТИВАР Симболот е вратен

29/11/2026

Полицијата истражува кои се сторителите што го симнаа македонското знаме од јарбол во центарот на Гостивар. Станува збор за државното

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни, „Македонија пат“ апелира возачите да

29/11/2026

Сите патни правци се проодни, а екипите го расчистуваат снегот со сета расположлива механизација, соопшти утрово ЈП „Македонија пат“. Од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy