Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рама: Регионот не смее да стане мал Донбас и да бидеме заложници на Косово и Србија
Регион

Рама: Регионот не смее да стане мал Донбас и да бидеме заложници на Косово и Србија

20/07/2023

AA

Според албанскиот премиер, Еди Рама, регионот не смее да стане заложник на односите меѓу Белград и Приштина. 

Рама вели дека „линијата меѓу организираниот криминал и локалните политичари е нејасна“, и дека регионот не смее да стане мал Донбас.

„ЕУ треба цврсто да дејствува за да обезбеди брза имплементација на Основниот договор. Нашиот регион не може да стане заложник на бескрајната криза меѓу Косово и Србија! Дискусиите се добри, но на регионот му треба пробив пред да биде предоцна“, додаде Рама.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави синоќа, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, дека НАТО ќе продолжи да го поддржува и обезбедува мирот во рамки на мандатот кој го има на Косово.

Вучиќ изјави дека на Србија ѝ се потребни КФОР и НАТО, кои досега дејствувале професионално на Косово.

Тој истакна и дека на Приштина никој не ѝ верува, „бидејќи нивната цел е да се спроведе политиката на (поранешниот претседател на Албанија) Енвер Хоџа, што значи „Косово без Срби“ и „обединување со Албанија“.

Србија е загрижена затоа што Косово купува модерно турско оружје, но КФОР нагласи дека Бајрактар косовските власти смеат да користат само со нивна дозвола. 

Србија по дипломатски пат реагирала до Турција за оружјето. 

Односите меѓу Србија и Косово се напнати. Србите бараат формирање на Заедница на српски општини и нови избори на северот, затоа што претходно тие бојкотираа и победија градоначалници Албанци, кои Србите ги сметаат за нелегитимни. 

Но, има најави во косовските медиуми дека Северна Митровица ќе биде дел од Заедницата на косовските општини. 

foto Facebook/Edi Rama

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Судење „Онкологија“: Пациентка примила терапија која не требало да ја

10/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИ ОБВРСКАТА КОН ОХРИДСКИОТ РЕГИОН Владина делегација на

10/02/2026
Македонија

Маж од кичевско со ловечка пушка се заканувал на вработена

10/02/2026
Македонија

📽️ НЕМА КОМПРОМИС СО КРИМИНАЛОТ, ПОРАЧАА ТОШКОВСКИ И МИЦКОСКИ Првично

10/02/2026
Македонија

ССМ: Во четврток протест пред Стопанска комора, во вторник пред

10/02/2026
Македонија

Филипче: СДСМ ќе побара намалување на цените на патарините

10/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ДА НЕ ГЛУМИ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ОД ТЕМУ ЗА ПАТАРИНИТЕ Кога

10/02/2026
Македонија

ВИДЕО ОД ЗАПЛЕНЕТИТЕ 40 ТОНИ МАРИХУАНА Владата најави комисија, истрагата

10/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41292
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Судење „Онкологија“: Пациентка примила терапија која не требало да ја прими бидејќи се наоѓала во

10/02/2026

Случајот „Онкологија“, во кој обвинети се поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган

МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИ ОБВРСКАТА КОН ОХРИДСКИОТ РЕГИОН Владина делегација на средба со УНЕСКО во Париз

10/02/2026

Потврдена е определбата на Македонија за спроведување на преземените обврски за заштита на охридскиот регион, напиша на својот фејсбук профил

Маж од кичевско со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија

10/02/2026

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy