
РАМА ГО ОДБИ СТАРМЕР: Не сака камп за мигранти во Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама го одбил британскиот премиер Кир Стармер за градење на камп за мигранти, односно лица кои Велика Британија ги одбила за азил или сака да ги депортира, објави Дејли Мејл.
„Уште од првиот ден кога го започнавме овој процес со Италија, бев многу јасен дека ова беше единствен случај со Италија поради нашите многу блиски односи, но и поради географската положба, што има многу смисла“, рече Рама.
Стармер одби да ги именува можните земји кои би ги прифатиле мигрантите од Обединетото Кралство.
фото принтскрин