
Рама ги повика газдите да исплаќаат повисоки плати, но не може да ги врати Албанците кои се иселиле
Како што кажа албанскиот премиер Еди Рама, Албанија денеска не е во состојба да им каже на Албанците кои веќе живеат во странство да се вратат назад. Тој ги повика претприемачите да се приклучат на иницијативата на Владата за зголемување на платите.
Тој вели дека развиените земји прават напори да си обезбедат работници. Рама рече дека Албанија не смее да губи работници.
„Но, денес не сме во фаза да им кажеме на Албанците кои се во странство, вратете се затоа што вреди“, изјави Рама.
Според албанскиот премиер, „приказната дека сите сакаат да работат во државата има аспект на неинформираност, или да земаат добра плата, дури и во канцеларија да играат карти на компјутер и излегувам да пијам кафе”. Според медиумите, во Драч веќе работат странски работници. Албанија демографски старее. Криза за работници има во повеќе држави во регионот.
Голем дел од македонските граѓани заминуваат да работат во Хрватска.
