
Ракометарите испаднаа, ама македонското знаме и понатаму ќе се вее во Германија!
Тие се делегирани на средбата помеѓу домаќинот Германија и Исланд, кој се игра утре во Келн, каде што ќе се игра и самата завршница на континенталниот собир. Македонскиот двоец нема да има лесна задача, особено поради фактот што „Ланксас арената“ ќе биде исполнета до последното место во очекување на триумф на домашната селекција.
Ова е трет натпревар за Николов и Начевски на ЕП 2024, откако претходно ја делеа правдата на пресметките помеѓу Шведска и Холандија односно на Полска и Словенија.
