
Рафиња ги тролаше навивачите на ПСЖ со прослава во стилот на Нејмар (ВИДЕО)

При еден од нив, ги истрола домашните навивачи со прославата во стилот на Нејмар кој до минатата сезона ги бранеше боите на францускиот тим.
Познато е дека Нејмар не се раздели со навивачите на ПСЖ баш најдобро затоа што тие го прогласија него, заедно со Меси, за најголем виновник за колапсот во Лигата на шампионите. Многумина во прославата на Рафиња видоа одмазда и кон нив за тоа што му го правеа на неговиот сонародник и пријател.
