Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАДОСНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА ОКТА, ЌЕ СЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА – еве по колку ќе земат грчки ЕЛ.П.ЕТ и „Пуцко петрол“
Економија

РАДОСНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА ОКТА, ЌЕ СЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА – еве по колку ќе земат грчки ЕЛ.П.ЕТ и „Пуцко петрол“

12/05/2023

AA

Рафинеријата ОКТА ќе исплати дивиденда на вкупна сума од три милиони евра. За таа
своја одлука компанијата ја информираше инвеститорската јавност преку
Македонската берза.

Дивидендата од три милиони евра ќе се исплати од акумулираната добивка од
претходните години, соопшти компанијата.

Оваа одлука ќе треба да ја потврдат акционерите на Годишното собрание на
акционери, што ќе се одржи на 30 мај оваа година.

Притоа од компанијата информираат дека се одобрува исплата на дивиденда од
кумулативна акумулирана добивка од претходните години, во вкупен бруто износ од
184.506.480 денари или приближно три милиони евра, односно дивиденда во бруто
износ од 218 денари по акција.

Ова значи дека солиден износна дивиденда ќе добие и доминантниот акционер
на скопската рафинерија, а тоа е грчката компанија ЕЛ.П.ЕТ. Балканике
петролеум, која поседува најголем и управувачки пакет од 81,51 отсто од
акциите, како и „Пуцко петрол“ од Пласница, компанија трговец со нафтени
деривати, која располага со 10,87 отсто од обичните акции на ОКТА. Или, според пресметките, „Пуцко петрол“ би требало да добие дивиденда во износ од 326 илјади евра за своите акции во ОКТА.

Покрај акциите со кои располагаат ЕЛ.П.ЕТ Балканике и „Пуцко петрол“, во
компанијата акционери се и 1.279 домашни физички лица, кои поседуваат 6,97
отсто од акциите, како и 20 странски физички лица, кои располагаат со 837
акции.

„Акционерите на ОКТА АД Скопје ќе бидат известени за исплатата на
дивидендата преку објава на Одлуката за утврдување на дивиденден календар на
интернет страницата на ОКТА, како и на интернет страницата на Македонската
берза за хартии од вредност. Оваа одлука влегува во сила на денот на
донесувањето“, се вели во објавата од рафинеријата.

Во образложението на одлуката, од компанијата потенцираат дека таа оваа дивиденда може да си ја дозволи, бидејќи од претходните години има доволно
акумулирана добивка, или прецизно дури 33,6 милиони евра, и тоа е сума без да
се смета добивката од претходната 2022 година. Така што, во оваа сума има доволно
средства за да се подели дивиденда од три милиони евра.

„Имајќи предвид дека согласно финансиските извештаи за 2022 година,
заклучно со ден 31.12.2022, без добивката од 2022 година, ОКТА АД Скопје
има кумулативна акумулирана добивка достапна за распределба во вкупен износ од
2.067.823.554 денари (33,6 милиони евра – н.з.), сметаме дека друштвото има
доволно достапна акумулирана добивка за распределба на дивиденда во
предложениот износ“, се вели во Предлог одлуката за одобрување за исплата на
дивиденда.

Во предлог одлуката за утврдување на дивидендниот календар, пак, се
наведувадека на акционерите на рафинеријата ОКТА ќе им биде исплатена дивиденда
од 218 денари по акција, која ќе биде исплатена во готово на нивните
трансакциски сметки. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 21 јуни
годинава, а последен датум на тргување без право на дивиденда е 22 јуни.
Датумот на кој се определува листата на акционери со право на дивиденда ќе се
утврди врз основа на акционерската книга на 23 јуни до 16 часот. Исплатата на дивидендата ќе се случи почнувајќи од 26 јули годинава, а не
подоцна од 30 септември, исто така оваа година.

Инаку, за минатата година, ОКТА оствари добивка од девет милиони евра, но
одлучи да ја реинвестира
во производство на електрична енергија. Имено, со сумата од добивката, ОКТА ќе
гради фолема фотонапонска централа од 12 мегавати.За овој бизнис потег ќе бидат
искористени сопствените ресурси.

„Како дел од долгорочната деловна стратегија на Друштвото за
транзиција кон деловни активности на зелена енергија, ОКТА веќе има инвестиции
во фотонапонски електрани кои ги опслужуваат потребите на одредени потрошувачи,
а исто така ја продава произведената електрична енергија на трговците со
електрична енергија. За овие инвестиции ОКТА веќе поседува лиценца за вршење на
енергетска дејност – производство на електрична енергија и посебна лиценца за
вршење на енергетска дејност – трговија со електрична енергија. Следејќи
ја дефинираната стратегија, Друштвото има намера значително да ги подобри
можностите за производство и продажба на електрична енергија, со инвестирање во
изградба на 12мВ фотонапонска централа на свое земјиште, за производство и
продажба на електрична енергија добиена од сончева енергија, наменета за
продажба на своите клиенти, и помал дел за задоволување на сопствените потреби
од електрична енергија“, објави ОКТА.

Од таму додадоа дека веќе е започната постапката за прибирање на понуди од оператор кој
ќе ја изгради фотоцентралата, а деловниот потфат ќе донесе и „заштеда“ во
смисла на тоа дека нема да се плати данок на добивка, затоа што целокупниот
годишен профит ќе се реинвестира. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy