
РАДЕВ МУ СЕ ПОЖАЛИ НА ВАРХЕЈИ: Гледа негативни пораки од Скопје
Бугарскиот претседател Румен Радев се жали за пораките упатени кон нив во текот на предизборната кампања во земјава.
Тој додава дека тоа лошо влијае на односите меѓу Софија и Скопје.
„Проширувањето на Европската Унија (ЕУ) треба да се заснова на јасни принципи, земајќи ги предвид сопствените заслуги на секоја земја во процесот на интеграција. Усогласеноста со овој принцип е гаранција за одржување на стабилноста и безбедноста во Европa“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со комесарот за проширување и соседска политика на Европската Унија, Оливер Вархеји, кој е во работна посета на земјата.
Радев се надева дека во Македонија ќе се случат уставни измени. Еврокомесарот за проширување не гледа можност за промена на преговарачката рамка за Македонија. Во изјава за бугарската БГНЕС, Вархеји кој денеска е во посета на Софија вели дека превземените обврски, мора да се исполнат. Toj не гледа можност за промена на преговарачката рамка. Во земјава има партии кои се против внесувањето на Бугарите во Уставот. Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска вели дека договорот со Бугарија треба да биде раскинат, затоа што барањата го надминаа тој договор.
