
Радев да се занимава со реформите во Бугарија, му одговори Ковачевски на бугарскиот претседател
Премиерот Димитар Ковачевски не ја слушнал изјавата на бугарскиот претседател Руман Радев кој обвини дека Македонија лобирала во европските институции за да го сокрие недостатокот од реформи, но истакна дека претседател на соседна држава треба да се занимава со реформите во неговата земја, а не со Македонија.
– Македонија има јасни позизии во Европската унија, 100 проценти ни е усогласена надворешанта политка со Унијата, носме одлуки во НАТО заедно со Бугарија, секоја година имаме европски извештаи за реформите и затоа сметам дека претседателот на соседна држава треба да да занимава со реформире во неговата земја, рече Ковачевски.
