Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАЦИЈА НА ГРАДИЛИШТА ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсени Срби, Албанци,Босанци -работеле на црно!
Регион

РАЦИЈА НА ГРАДИЛИШТА ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсени Срби, Албанци,Босанци -работеле на црно!

27/04/2023

AA

Припадниците на германската царина во вторникот извршија неколку рации на градилиштата низ Германија за да го проверат статусот на работниците и открија десетици случаи на нелегална работа, главно работници од Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Грузија.

Во таа прилика беа контролирани десетици лица, а еден од приведените, чие име и е познато на редакцијата, ја раскажа својата приказна за Телеграф.

Како што вели, тој е државјанин на Србија кој работи во фирма од Словенија и има „словенски документи“, а работодавецот го испратил на терен во германскиот град Гисен.

Во вторникот градилиштето каде што работи го посети и германската финансиска полиција и оттаму во полициската станица донесе околу стотина лица.

„Дојдоа со 50 комбиња. Беа во униформи, имаа оружје, како и солзавец. Никој од нас не побегна затоа што мислевме дека законски сме таму. Го опколија целиот комплекс“, рече тој.

Како што вели, на некои при приведувањето им ставиле лисици, а на други не. Имаше и помлади и постари, работници кои со години работат во Германија.

Тие беа испрашувани во станица преку преведувач.

„Никој од нас не знаеше дека сме таму илегално, имам словенски хартии, еден месец сум во Германија. Но, се покажа дека не можеме да работиме овде со тие документи“, рече тој. Инаку, како што додава, сите имаат пониска саатница од германските работници.

Откако разговарале во станица, им било кажано дека треба да платат 250 евра за кауција, но бидејќи немал пари со себе, не го сторил тоа. Му ја одзеле личната карта и пасошот со виза, а тој верува дека документите ќе му бидат вратени на 2 мај кога повторно треба да се појави во станица.

Сослушувањето, вели, траело цел ден и било непријатно. Меѓу приведените имало претежно луѓе од Балканот, главно Срби и Босанци. Неговиот работодавец, додава тој, работи на решавање на оваа ситуација.

Сега, како што вели, не знае што ќе биде понатаму и ја чека одлуката на надлежните германски органи.

Германската царина соопшти дека вчера презела голема акција за контрола на градилиштата со цел сузбивање на нелегалната работа.

Во фокусот на увидот биле градилиштата, соопштија од царината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy