Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАБОТОДАВАЧИТЕ И РАБОТНИЦИТЕ ДА НЕ БИДАТ СПРОТИВСТАВЕНИ СТРАНИ, ТУКУ ПАРТНЕРИ – Стопанската комора на Македонија со предлози на 47 страници за новиот закон за работни односи
Економија

РАБОТОДАВАЧИТЕ И РАБОТНИЦИТЕ ДА НЕ БИДАТ СПРОТИВСТАВЕНИ СТРАНИ, ТУКУ ПАРТНЕРИ – Стопанската комора на Македонија со предлози на 47 страници за новиот закон за работни односи

14/02/2023

AA

Стопанската комора на Македонија преку фејсбук статус објави дека до Владата доставиле мислење со коментари за новиот закон за работни односи кој е во фаза на подготовка, со конкретни предлози кои се напишани на 47 страници.

„Ние многу јавно и транспарентно ќе говориме за новиот закон за работни односи во периодот што претстои. Денес до Владата и до Министерството за труд и социјална политика доставивме мислење по работната верзија на законот со коментари и конкретни предлози напишани на 47 страници“, објаија од комората.

Според СКМ, важечкиот Закон за работни односи во изминатите години често се менуваше. Беше донесен на 28 јули 2005 година, кога министер за труд беше Стевчо Јакимовски, и од тогаш до денес е менуван дури 26 пати. Има уште 13 одлуки на Уставен суд со кои се укинати некои членови од Законот. 

„Така што создадени се сите услови за ново законско решение.

Дополнително, работните односи помеѓу работодавачот и работникот се доста променети за разлика од минатото. Целта на работодавачите е да ги задржат и дообучат своите квалитетни работници, како и да придонесат за подобрување на нивниот личен живот.

Неопходен ни е закон кој односите меѓу работниците и работодавачите нема да ги гледа низ призмата на спротивставени страни, туку на партнери кои заеднички делуваат кон остварување на своите интереси и тоа, прво, интересите на работодавачите за зголемување на продуктивност на работниците, поголема конкурентност и профитабилност на компаниите, и второ, и интересите на работниците за соодветно валоризирање на сработеното и остварување повисоки примања.

Во тој контекст, новиот закон за работни односи треба да биде прилагоден на модерните и идните текови на пазарот на труд и да придонесе за подобрување на генералните состојби во стопанството и во државата“, се вели во статусот од Стопанската комора.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy