
Работник во кумановска фабрика почина од струен удар, а во Пробишти е тешко повреден работник
Работник во кумановска фабрика вчера почина од повреди предизвикани од струен удар, соопшти СВР Куманово каде случајот бил пријавен. Работникот бил пренесен во кумановската болница, но, таму била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, вешто лице и екипа од СВР Куманово. По насока на обвинителот телото на починатиот било предадено на семејството.
Во Здравствен дом „Нада Михајлова“ вчера бил донесен повреден Д.Ј.(33) од с.Плешенци, пробиштипско. Тој се повредил додека извршувал работни задачи во фабрика во Пробиштип тој се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клинички центар Штип, соопшти полицијата. Полициски службеници излегле на местото на настанот.